Александар Гелевски – директор на Агенцијата за планирање на просторот

Александар Гелевски, досегашниот секретар на општина Куманово, е назначен за нов директор на Агенцијата за планирање на просторот.

Гелевски е вработен во општина Куманово во јануари 2014 година како советник во одделението за урбанизам.

Од ноември 2018 година е назначен за раководител на одделението за спроведување на урбанистичка документација – сектор за урбанизам, а во август 2020 годиан доаѓа на функцијата секретар на општина Куманово.

Во 2022 година по втор пат беше назначен за секретар на општина Куманово.

Гелевски е роден во 1981 година во Куманово, каде завршува основно и средно гимназиско образование. Дипломира на Универзитетот „Кирил и Методиј“ Скопје – Архитектонски факултет во 2006 година.

Истата година ја започнува и својата професионална кариера како проектант и планер-урбанист, со што се здобива со Овластувања од областа на урбанизмот и архитектурата.