Амбасадорот Безак во посета на Општина Куманово

Словачкиот амбасадор Мартин Безак денеска оствари протоколарна посета и на Општина Куманово каде се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски со кој развиле плодна дискусија на неколку различни теми.

На средбата се разговарало за состојбите во локалната самоуправа, но и за перспективите кои би требало да значат излез од кризата во која моментално се наоѓа македонското општество. Како што посочи Дамјановски се разговарало и за економските состојби и потенцијали на Општина Куманово, миграцијата, но и безбедносните предизвици на Балканот.

На средбата се разговарало и за можно збратимување на Општина Куманово со град од Словачка.

Европската заедница е заинтересирана да биде стабилна безбедносна Македонија, нивните амбасадори членки на ЕУ даваат се од себе Македонија да ја вратат на демократскиот пат, Македонија да биде демократска и слободна држава, држава во која ќе владее правото, институциите и граѓаните ќе имаат задовослтво од тие политички одлуки. Благодарам на амбасадорот Безак кој даде иницијатива за збратимување со аналоген град во Словачка што ќе биде многу значајно, бидејќи овие земји од средна Европа се носители во минатото на сите технолошки и културни развои пред се во осамостојување на нашата држава  – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Амбасадорот Безак вели дека без оглед на комплицираната политичка состојба во Македонија, локалните самоуправи мора и треба да комуницираат.

На основа на онаа голема политика, дозволете да го повторам она што веќе го зборувам четири години, граѓаните на Македонија да останат, политичарите доаѓаат и заминуваат, дипломатите доаѓаат и заминуваат, а граѓаните остануваат и заслужуваат подобра перспектива. Многу пати им го кажував и на политичарите без оглед на позиција и опозиција или етничка припадност да го проучат случајот на Словачка и на нејзините успони и падови и она што сме сега и што сме биле пред 10-15 години – изјави Безак.

Претходно амбасадорот беше во посета на Здравствениот дом каде го зпаочнува процесот за донација на санитетско возило, а подоцна во текот на денот оствари посета на Затворениот градски базен, манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, а ќе заврши со посета на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Коментари

коментар(и)