Амбасадорот Килиан Вал на средба со градоначалникот Максим Димитриевски

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски вчера ја остварил првата официјална средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, истакнат експерт за превенција и управување со кризи, реформи во безбедносниот сектор и градење институции, со посебен акцент на југоисточна Европа.
На состанокот присуствувал и претставникот на Одделот за политички прашања во Амбасадата на ОБСЕ, Димитар Спасеновски.