Ангеловска: НАТО и ЕУ гарантираат подобар живот за младите

Членството во НАТО и ЕУ гарантира подобар живот на сите млади, а тоа значи можност за студирање на најдобрите универзитети во Европа, рече денеска на прес конференција Ана Ангеловска од Советничка во Советот на општината од редовите на СДСМ, која ги повика граѓаните на Куманово да излезат на референдумот и да се изјаснат позитивно.

Како што додаде над 4 милиони млади луѓе, меѓу кои и младите од Македонија имаат можност за обуки, учење различни култури и градење заеднички вредности преку програмата на Еразмус. Досега, како што посочи Ангеловска, Европската унија има инвестирано над 8,8 милијарди евра во гаранцијата за младите.

– Македонија избира иднина, приклучете се, членството во НАТО и ЕУ ќе овозможи нови инвестиции и нови работни места. Заедно ќе го запреме трендот за иселување на младите. Младите нема да сонуваат да се иселат надвор од границите на Македонија, нема да ја бараат Европа надвор од границите, Европа ќе стане наш дом, а европските стандарди наше секојдневие. Ајде да избереме семејство, европско и стабилно семејство во кое сме безбедни, заштитени и во кое имаме сојузници со кои ќе одиме напред, секој ден понапред кон јасна иднина, рече Ангеловска.

Како што посочи советничката од Советот на Општина Куманово, обраќајќи им се на младите, имаат привилегија да ја менуваат Македонија на подобро.

– Вашата генерација има привилегија да ја менува Македонија кон подобро, имате уникатна шанса, еднаш на 30 години да ја земете судбината на Македонија во свои раце и да го исцртате патот кон успехот преку еден едноставен чекор, глас на референдумот на 30ти септември, додаде Ангеловска.

Рефенрудмот закажан за 30ти септември ќе ќе го носи прашањето: „Дали се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.

Коментари

коментар(и)