(ВИДЕО) Арифи: Продолжуваат проектите во Липково

Градоначалниот на општина Липково, Еркан Арифи информира дека продолжуваат проектите кои што ги реализира локалната самоуправа, со поддршка на државата. Се работи на регулација на речното корито во село Отља, но и на водоснабдувањето во Лојане, Слупчане, Оризаре, Никуштак и Матејче.

-Ги продолживме сите проекти кои беа во тек, заедно со граѓаните, советниците, претседателите на месните заедници, ги координираме работите. Сега имаме еден месец да го усвоиме буџетот за 2022 година и заедно со граѓаните со форум групи, ги правиме сите предлози идни неопходни работи за нашите граѓани, за да може да реализираме проекти. Во моментов работиме на два проекти со програмата ТАВ, се работи за регулација на речното корито во село Отља, другиот е за изградба на секундарна мрежа во село Лојане, за вода за пиење. Исто така се работи на водоснабдувањето во селата Слупчане, Оризаре, Никуштак и Матејче и полека овој главен, капитален проект да го ставиме во функција-нагласи тој.