Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.