Бисера Паскал со учинок од 15 одбрани

Екипата на голманката Бисера Паскал од Куманово, израелски Бнеи Херзлиуа во вчерашниот натпревар славеше над тимот на Макаби Рамат Ган на гостински терен, со резултат 30:31. Тимот го очекува решавачкиот натпревар во четврток, бидејќи во првиот забележаа пораз. Подобриот ќе се најде во финалето. Паскал која бранеше 22 минути од првото и целото второ полувреме, забележа дури 15 одбрани, што беа доволни за победа на тимот.

Паскал кариерата ја почна во ЖРК Куманово, каде што освои двојна титула, Женската супер лига на Македонија и Купот на Македонија. Taa е родена во 1996 година во Куманово.