Биљана Ивановска повторно ја доби менаџерската функција во Општа болница Куманово, откако претходно по само еден месец раководење со установата беше разрешена од министерот за здравство Фатмир Меџити без конкретно образложение.
„Професионално, чесно, одговорно и легитимно продолжувам на позиција менаџер на ЈЗУ Општа болница Куманово. Животот е полн со предизвици и како таков треба да го прифатиме. Во соработка со Министерството за здравство ќе ги реализираме проектите кои се дел од мојата програма, а се од исклучително значење за сите граѓани на Куманово и околните шест општини“, изјави директорката Ивановска.
Биљана Ивановска е дипломиран психолог, а во болницата работи од 2015 година.