Благодарници за општо корисна работа

Дваесетина волонтери кои во изминатите две години работеа на проект во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост денеска добија благодарници за општествено корисна работа кои им ги врачи првиот човек на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Волонтерите заедно со лицата со пречки во развојот работеа на низа културни, спортски  и едукативни настани со цел и тие да бидат дел од општеството, во кое не треба да бидат маргинализирани и дискриминирани.

Тоа зборува за вас како луѓе кои дел од своето време и своето знаење го псоветувате се со цел да направите допринос во однос на едукација надвор од едуактивтните активности на неколку нивоа, почнувајќи од физички активности, ликовни, музички и оваа група на луѓе која е маргинализирана во нашето општество, знаеме дека има и иницијатива за промена на законската регулатива се со цел да имаат поголема заштита, поголем чадор во општеството, лѓе кои имаат хендикеп на некој начин да се инклудираат во општеството, да ги изразат своите таленти и способности, бидејќи секој човек без разлика на ниво на својот развој има свои специфики и свои истакнати особини. Тоа е улогата ваша како луѓе кои дадовте свој допринос – изјави Дамјановски.

Дефектолози, психолози, педагози, спортски работници и големи ентузијасти и хуманитарци беа дел од проектот на УНДП во соработка со Општина Куманово која во изминатите неколку години издвојува околу 1,4 милиони денари од Буџетот за поддршка на маргинализираните категории граѓани.

Два пати учествувавме во овој проект во 2015 и 2016 година и сами без вашата помош од медиумите не би бил проектот тоа што е, голема благодарност до општината и Центарот за деца со посебни потреби, без нивната помош немаше да ги реализираме нашите проекти. Голема благодарност сакаме да дадеме на сите лица што се вклучија во овој проект и тшо дојде до реализација и инклузија на лицата со кои работевме – изјави Александар Крстевски, магистар по психологија.

Минатата година лицата со пречки во развојот во рамките на истиот проект ја изведоа и театарската претстава „Гледај ме со срце“, а надлежните се надеваат на уште низа вакви настани кои ќе ги вклучат овие лица во секојдневното општество.

Коментари

коментар(и)