На крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе и улицата .„Студена Вода“ во село Доброшане патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(21 година) од село Доброшане вчера окол 14 часот, удрило во велосипед, управуван од Е.Ц.(41 година) од Куманово. Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар во Куманово. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Куманово, информира полицијата.
Велосипедист со тешки повреди, по сообраќајна незгода
