„Останавме доследни на тоа што го ветивме пред 20 дена, а тоа е дека ќе водиме максимално позитивна кампања, без лични навреди, без препукувања, без омаловажувања, не затоа што Максим Димитриевски или Оливер Илиевски не заслужиле, меѓутоа затоа што Куманово и кумановци сметаме дека не заслужиле“ , рече на денешната прес-конференција Елена Доцевска Божиновска, носител на советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„На средбите со граѓаните понудивме реална и остварлива програма која што ги опфаќа сите целни групи и сите подрачја, не само централното градско подрачје, туку и приградските населби и селските подрачја“, истакна Доцевска Божиновска.
