(ВИДЕО)Годишен концерт на оркестарот на НУЦК „Трајко Прокопиев“

Оркестарот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ в четврток, неделава ќе одржи годишен концерт. Младите надежни музичари од градот под менторство на стручниот соработник во установата, Александар Митрички секако дека со програмата ќе го задржат вниманието на посетителите во Занаетчискиот дом, чиј што број, согласно здравствените протоколи е ограничен на 80. Концертот започнува во 19 часот и 30 минути, информира Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Во изложбениот салон на Центарот за култура пак, наредниот ден, в петок ќе биде отворена изложбата „Кумановски графичари 2021“ во 19 часот. Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Зоран Јакимовски се само дел од ликовните уметници кои што ќе имаат изложени дела во Центарот за култура на традиционалната изложба во Куманово.