Во организација на Друштвото на писатели од Куманово, Фондацијата за култура и спорт и НУ Музеј денеска се одржа традиционалната манифестација „Бдеење на кокински мугри“.
Поети од Македонија и странство имаа можност рано утрово да уживаат во глетката од мегалитската опсерваторија Кокино, да се претстават со своите авторски дела, по што во Занаетчискиот дом им беа доделени признанија, награди и благодарници на најуспешните, на претходно распишаниот конкурс по повод меѓународната манифестација „Бдеење на кокински мугри“.
