Во Уметничката галерија вчеравечер беше отворена изложбата „Система“ од кумановскиот мултимедијален уметник Никола Радуловиќ, кој што живее и работи во Софија, Бугарија. Радуловиќ изложувал и на неколку групни изложби во земјава и странство. Предмет на негов интерес се дигиталните медиуми и интернетот како простор. Изложбата е дел од WIRE ARTWORKS 2021, а како проект е поддржан од министерството за култура.

