(ВИДЕО)Првото бебе е машко, родено на втори јануари

Првото новороденче во Куманово во 2022 година е машко, родено вчера попладне на гинеколошко- акушерското одделение во општата болница. Тоа е четврто дете во семејството Синани. Бебето и мајката денеска ги посети делегација од Општина Куманово и кумановската болница, кои што традиционално однесоа подароци.

-Со нетрпение го очекувавме раѓањето на првото бебе во општина Куманово. Се работи за машко дете родено со царски рез. На мајката Миранда Синани ова и е четврта рожба, инаку трет царски рез. Во моментов се чуствуваат добро, ги посетивме, им предадовме подароци во име на градоначалникот, на општа болница, им посакавме да имаат добро здравје, многу среќа, радости во животот, изјави Снежана Захариева, Општа болница Куманово

-На ниво на државата постои тенденција на опаѓање на бројот на раѓања и Куманово не е исклучок, некогаш имавме преку 1.000 раѓања, сега имаме помал број, изјави д-р Лидија Јовчевска, Гинеколошко-акушерски оддел

Во новата година денеска до 12 часот родени се вкупно 4 бебиња во кумановската болница.