ВИДЕО: Аднан Бислими и Никола Богдановски се прогласени за најдобри полицаец и пожарникар за 2024 година

Аднан Бислими и Никола Богдановски се прогласени за најдобри полицаец и пожарникар за 2024 година, на предлог на Секторот за внатрешни работи Куманово и на Територијалната противпожарна единица.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски денеска организираше свечен прием за најдобрите припадници на полициската станица од општа надлежност при СВР Куманово и на противпожарната единица.

– Во мое лично име и во име на граѓаните им се заблагодарувам за нивниот професионален ангажман. Имавме високо ниво на соработка со полицијата во градот, а дополнително и нашите пожарникари многу ревносно и професионално си ја извршуваа својата работа. Годинава ќе го дооформиме доброволното противпожарно друштво. Апелирам младите да се вклучат во волонтерските активности. Имавме можност да ја посетиме Австрија, Тирол и ги видовме нивните искуства и ако ги пренесеме овде ќе добиеме дополнителна логистичко техничка поддршка, сметам дека ќе ги засилиме капацитетите во делот на гасење на пожари на отворено, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово.

Бислими има 21 година работен стаж во полицијата, а како пожарникар- спасител Богдановски работи шест години. И за двајцата професионализмот е приоритетот во извршувањето на работните задачи.

-Се заблагодарувам на поддршката од колегите и претпоставените, многу е важно професионално да се извршува работата, изјави Бислими.

-Благодарност до колегите со кои соработувам, оваа 2024 беше предизвикувачка со голем број интервенции и пожари, изјави Богдановски.

Традиционално, најуспешните полицаец и пожарникар за 2024-та добија беа наградени од општина Куманово.

 

Коментари

коментар(и)