ВИДЕО: Бесплатен превоз за граѓаните на Куманово до јули 2025 година

Бесплатниот автобуски превоз во Куманово ќе продолжи и во првите шест месеци од 2025 година, одлучи Советот на Општината.

Граѓаните ќе можат бесплатно да се возат на 26 линии на јавниот автобуски превоз, кој ќе го субвенционира локалната самоуправа. Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, новитет оваа година е што на барање на превозниците цената за изминат километар ќе биде зголемена за 10 денари, што значи дека општината ќе дава 50, наместо 40 денари по изминат километар на превозниците, а тие нема да наплаќаат билет.

За субвенционирање на првите шест месеци од 2025 година од буџетот на општина Куманово ќе бидат издвоени 37,5 милиони денари.

Коментари

коментар(и)