ВИДЕО: Благ пораст на новозаболени, во болницата се лекуваат околу 50 лица

Благ пораст на бројот на новозаболени од ковид 19. Во кумановската болница се лекуваат околу 50 лица, а дополнително 40 пациенти ја посетуваат дневната болница. Најголем дел од пациентите се од Куманово, но и од останатите градови од североистокот, но најмногу од Крива Паланка. Хоспитализираните се со средно тешка и тешка клиничка слика.  Од нив, околу 25 проценти се вакцинирани и тие вообичаено се со полесна клиничка слика. Здравствените работници укажуваат дека возрасната група се поместува, па се почесто има заболени и млади.

-Наше е да кажаме меѓутоа на самите граѓани е и да ги почитуваат мерки и да се одлучат на кој начин ќе водат грижа за своето здравје, дали преку вакцинирање и избегнување на групирања и подигнување на општиот имунитет, наше е да апелираме, и да си помогнеме меѓу себе, навистина персоналот веќе две години работи под големо оптоварување и покрај честите ротации од еден на друг оддел, и нашите заложби и труд и другите оддели да функционираат сепак знаете како се работи со персонал кој што е веќе изморен –вели Снежана Захариева, директорка на Општа болница Куманово.

Бројот на активни случаи во Куманово изнесува 400.