ВИДЕО: Во пораст респираторните инфекции

Зголемен е бројот на респираторните инфекции за време на празниците, информираат лекарите, апелирајќи да се минимизираат контактите со други луѓе за полесно надминување на болеста. Иако респираторните инфекции се јавуваат во текот на целата година, есенско-зимскиот период е сезона кога настинките и посериозните респираторни заболувања се најчести.  Лекарите советуваат за придржување до здрава и урамнотежена исхрана, редовно  вежбање, избегнување консумирање на алкохол и цигари, редовно проветрување на просториите.

Повеќе детали од изјавата на доктор Валентина Тодоровска- Трајковска, Итна медицинска помош.

Коментари

коментар(и)