Со чистење на околината на градскиот базен и спортската сала започна националната еко акција „Генералка викенд“ и во Куманово. Целта на еколошката акција е подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од собирање и рециклирање на отпад.
Петтата еколошка акција „Генералка викенд”, под мотото „Да се извалкаме и да исчистиме“ е во соработка со организацијата „Man and mountain LLC” – Австрија и општина Куманово, со поддршка на ЈП „Чистота и зеленило”.
Акцијата е поддржана од министерствата за животна средина и за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од ЈП „Национални шуми“.
