Креативноста и хуманоста отсекогаш биле одлики на кумановските гимназијалци. Матурантите своето образование го крунисаа со уште една прекрасна драмска претстава „Тој мое срце лупа за тебе“, во режија на Евгенија Петрушевска, под менторство на проф. по македонски јазик Соња Тодоровска. Додека ја подготвуваа претставата, учениците покренаа иницијатива средствата од билетите да одат во хуманитарни цели, за малата Теодосија Лазаревска.
Премиерата на претставата е вечерва во 20 часот на сцената на Центарот за култура.
Видеото по вестите во 18 часот.