(ВИДЕО) Да се допрецизира Законот за недела неработен ден

Да се разгледаат и допрецизираат измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои недела стана неработен ден, бара Занаетчиската комора. Претседателот на комората, Агрон Фазлији, информира дека дел од занаетчиите од услужните дејности укажуваат дека одредбите од Законот се нејасни. Реагираат оние кои се поврзани со свечености, како фризери, бербери, козметичари, но и бурекџии, и производители на бели печива.