Измена на начинот на субвенционирање на занаетчиската дејност и сузбивање на сивата економија се приоритетите на Занаетчиската комора на Македонија во периодот што следува. Занаетчиската комора предлага преку измени на правилникот за субвенционирање да бидат опфатени и самостојните вршители на дејност, односно занаетчиите што се паушално оданочени.
Повеќе на оваа тема од претседателот на комората Агрон Фазлији.