Како занаетчиска комора не се откажуваме од барањето за субвенционирање од 3.000 денари за минималната плата за занаетчиите, вели претседателот Агрон Фазлиј. Тој укажува дека не се против поголеми плати за работници, но вели дека занаетчиите сами не можат да го издржат тој товар. Веќе упатиле барање за средба со Министерството за труд и социјална политика, но се уште чекаат на одговор.
-Се наоѓаме во тешка социо-економска криза, пандемијата го направи своето но сите параметри покажуваат дека ние сме се уште во криза. Не се покачува минималната плата само 3.000 денари туку се покачува 4.200 денари по вработен или по лице што врши таква дејност. Од тука ние веднаш реагиравме заради зачувување на работни места, перспективата на занаетчиството, мора да ни излезат во пресрет ако сакаат да се одржливи тие работни места, бидејќи во моментов покрај старите занаети кои што се во тешка положба и профитабилните занаети немаат ликвидност, немаат доволно клиенти, ограничувања поради пандемијата мора МТСП да анализира добро да ги има во предвид овие наши барања, бидејќи ние сме и самовработени, покрај работодавачи-вели тој.
Занаетчиската комора реагира и на новото законско решение, со кое недела се прогласува за неработен дел. Законот велат е донесен бргу, без консултации и е противуставен. Наместо да ги штити, тој ги крши работничките права. Согласно новиот закон на занаетчиите не им е дозволено да работат во недела. Од комората нагласуваат дека занаетчиство не е исто како и јавната администрација, која има сигурен приход и може да си дозволи слободен ден.
