Во Занаетчискиот дом денеска се одржа воведна средба за проектот „Заедници со интегритет“ во Општина Куманово, финансиран од Владата на Швајцарија.
Проектот има за цел да ја зајакне отпорноста на општините кон корупција, да развие и пилотира системи и механизми кои ќе ја подобрат транспарентноста во локалната администрација. Преку овој проект се планира да се зајакнат капацитетите на граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор за подобро следење на процесите на донесување одлуки и испорачување на услуги на локално ниво.
Пред присутните се обратија претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска и Кристина Колозова, виш програмски офицер во Амбасадата на Швајцарија, а проектот го презентираше Дејвид Сип, виш резидентен проектен директор и лидер на тимот.
Проектот ќе се имплементира во шест општини од Националниот демократски институт (НДИ).

