Младинскиот оркестар вчеравечер одржа концерт во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Пред публиката во преполната сала беа изведени популарни мелодии од врвни музички имиња од Македонија и од поранешните ју-простори. Младинскиот оркестар досега има настапувано на повеќе манифестации во државата и во странство.