ВИДЕО: Коњаничкиот марш денеска од Тромеѓа во Доброшане и Орашац

Во чест на Илинден, коњаничкиот марш во Куманово денеска повторно ќе започне од Тромеѓа, во 18:00 часот, но овојпат кон населбата Доброшане. Таму коњаницата ќе пристигне околу 19:00 часот и по кусо задржување ќе продолжи кон селото Орашац, каде што во 20:00 часот ќе пристигне кај црквата „Св. Илија“.

Утре пак, токму на Илинден коњаниците ќе маршираат низ улиците на градот. Стартот е во 18:00 часот од Тромеѓа, а завршницата е планирана до 20:00 часот во близина на Спортската сала во Куманово“, информира  Иван Цветковски, организатор на Илинденскиот коњанички марш во Куманово и претседател на културно -уметничкото здружение „Коњаница Букефал“.

Тридневниот марш започна вчера во 17:00 часот од црквата „Св. Димитриј“ во Тромеѓа, по што коњаницата по 18 часот пристигна во населбата Карпош каде што беше пречекана од голем број граѓани, а дечињата кои што изразија желба имаа можност да се фотографираат со коњите. Следните локации беа Ајдучка Чешма, Перо Чичо и населбата Иго Тричковиќ.