На иницијатива на нашиот сограѓанин Марјан Стошевски, а во соработка со туристичката организација „Златибор“, педесетина младинци од Кочани кои што беа повредени во пожарот наскоро ќе заминат на бесплатен десетдневен одмор и рекреација во познатото туристичко место во Србија.
Хуманата акција ќе се реализира во координација со Црвениот крст, информира иницијаторот Стошевски.
„Мојот скромен придонес кон реализација на оваа акција ме прави многу среќен затоа што сум дел од истата со надеж дека овој престој на Златибор ќе им донесе побрзо оздравување “, истакна Стошевски.
