ВИДЕО: Младински центар, нови спортски комплекси, најави Тренчевска           

Младински центар во НУЦК „Трајко Прокопиев“, технолошки и интеркултурен центар во целосно реконструиран поранешен Дом на пионери „29 Ноември“, како и нови спортско-рекреативни комплекси, паркови, велосипедски и трим-патеки, се дел од проектите со кои Движењето ЗНАМ – За наша Македонија планира во идниот период да обезбеди поразвиена локална економија во Куманово.

„Студентите и младите се иднината на Куманово, порача Тамара Тренчевска, на денешната прес-конференција посветена на младите и студентите.