ВИДЕО: Мургашанска: Одлуката ќе ја оспориме на суд доколку не ја повлечат

Советничката група на СДСМ и коалицијата вчера попладне одржа прес-конференција на која беше побарано владејачкото мнозинство во соработка со надлежниот сектор да го преиспита и корегира своето постапување во однос на донесената одлука за укинување на имиња на улици со нумерација на објекти во Општина Куманово, на последната седница на Советот.

„Во спротивно, правата на граѓаните на Општина Куманово ќе ги бараме и штитиме во постапка пред надлежните судови и други државни органи“, рече советничката Атина Мургашанска.