Новиот инстант лоз „Калинка“ на Државна лотарија на Македонија викендов е промовиран во Куманово.
Голем интерес од кумановци за новата грепка која чини само 70 денари, а во игра ве очекуваат бројни парични премии од 70 до 700.000 денари.
Лозовите „Калинка“ и „Златна треска“ во Куманово ги промовираа водителите Марјана Станојковска и Виктор Петров – Викса.
Во чест на 15-годишнината од приредувањето игри на среќа и инстант лотарија, Државна лотарија потсетува на инстант лозот „Калинка“, пласиран во 2010 година, што беше прв паричен лоз во историјата на Државна лотарија.
Откривањето на добивките е лесно и забавно – треба да се пронајдат три исти симболи во полето за гребење каде што трите калинки носат 7 главни премии по 700 000 денари и три исти износи за други парични добивки.
Со „Калинка“ среќата е насекаде.
