ВИДЕО: ОК ВМРО-ДПМНЕ одбележа 35 години постоење во Куманово

ОК на ВМРО ДПМНЕ вчера одбележа 35 години од постоењето во Куманово. „Носевме тешки одлуки, правилни одлуки и докажавме дека сме организација во секоја смисла на зборот, затоа денеска сме најсилна организација“ кажа Бобан Николовски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ.

Во големата сала на Центарот за култура пред присутните се обрати и носителот на листата на кандидати за советници на претстојните локални избори Владимир Михајловски.

На 35-от роденден на општинскиот комитет во Куманово присуствуваше и лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.