Општина Куманово ќе го субвенционира приклучокот на гас со 25.000 денари.
ЈП „Куманово гас“ очекува субвенции и од Владата. На последната средба со надлежните од министерството за енергетика, од „Куманово гас“ предложиле и министерството да обезбеди субвенции за приклучок на гас.
ЈП неодамна со одлука на Советот на општина Куманово ја зголеми цената за приклучокот за повеќе од 50 проценти.
-Со зголемувањето, приклучната цена за гас во Куманово изнесува 1.250 евра за физички, додека за правни субјекти е 1.885 евра. Од друга страна, општина Куманово донесе одлука субвенцијата за приклучок да изнесува 25.000 денари. На последната седница на советот одлуката за зголемувањето на цената за приклучок беше прифатена, изјави Марко Митровски, директор на ЈП „Куманово гас“.