(ВИДЕО) Општина: Во тек е постапката за јавниот превоз

Општина Куманово активно работи на доделување на лиценци за вршење на јавен превоз.  Постапкат е во тек, е одговорот од општината за проблемот со јавниот превоз, кој не функционира од 1 јануари. Во соопштението од општината нагласуваат дека на граѓаните ќе им обезбедат квалитетен, еколошки и безбеден јавен превоз, а не, како што велат, како во претходниот период да се води интерес за превозните компании на штета на услуга кон граѓаните.

„Во најкус можен рок, по целосна проверка на поднесените пријави за јавен превоз и утврдување на, пред се, еколошките и безбедносни параметри на возилата, кои се понудени од страна на превозниците, ќе бидат донесени и соодветни решенија и одлуки, со цел граѓаните на Куманово да добијат градски превоз, согласно сите европски стандарди“-се вели во соопштението.

Во Куманово веќе четири дена не функционираат 25-те линии од градот до приградските населби, како и селата. Жителите се жалат дека се принудени да користат такси превоз. Има и такви кои немаат забелешки бидејќи користат такси превозници кои што немаат лиценци, па цената е иста, 25 денари колку и една автобуска карта, но се возат по четири лица.

-Не функционира од празниците воопшто, народот нема пари  за леб, не таксисти да плаќа тоа е многу лошо, треба веднаш да се реши-истакна еден кумановец.

-Проблем е како не е, кој како се снајде сега, што да правиме. Кога нема превоз такси ќе плаќаменагласи друг.

Со што се снајдеме, со тоа ќе одиме, автобус или такси. Цената е исто по карта 25 денари како автобус, се возиме по 3-4 ца-вели една кумановка.

-Секогаш беше полн автобусот, на секој час поминуваше-дополнува друг.

Но, нефункционирањето на автобускиот превоз е можност такси компаниите да спечалат нешто повеќе.

-Има повеќе работа сега, иако коментарите се различни, но повеќе работа имаме-вели еден такси возач.

Куманово остана без јавен градски превоз, бидејќи претходниот договор со превозниците завршил на крајот на декември. Нов не бил распишан поради локалните избори, конституирањето на советот.