Во организација на Мултимедијалниот центар Карпино вчеравечер беше отворена изложба на слики од 20-та Меѓународна ликовна колонија Карпино. Посетителите имаа можност да видат 25 дела создадени од уметници од Македонија, Србија и Америка. Изложбата во фоајето на Центарот за култура ќе биде поставена до 17-ти месецов.

