ВИДЕО: Патронен празник на ООУ „Магдалена Антова“

Општинското основно училиште „Магдалена Антова“ годинава одбележува 36 години самостојна воспитно-образовна дејност.

По повод патрониот празник, претставници на училиштето, Општината, Советот, здруженија на граѓани положија цвеќе пред бистата на учесничката во НОБ и првата загината партизанка, Магдалена Антова во дворот на училиштето, по што во училишната спортска сала беше реализирана културно – уметничка програма под мотото „Букет детски насмевки за вас ”.

Во чест на патрониот празник на училиштето утрово се одржа и свечена седница, а изминатите денови беа реализирани повеќе спортски активности и натпревари, литературно читање, ликовни работилници, под менторство на одговорните наставници.  

Во ООУ „Магдалена Антова“ настава следат околу седумстотини ученици од населба Карпош.

Патронен празник одбележуваат и средните училишта „Наце Буѓони“ и „Киро Бурназ“.