ВИДЕО: Промовирани детски книги од Љиљана Тричковиќ

„Ние и нашето училиште“ и „Наши другари“ се двете детски книги од авторот Љиљана Тричковиќ кои што беа промовирани вчеравечер во Занаетчиски дом. Промотор на книгите беше директорката на библиотеката „Тане Георгиевски“, Христина Алексовска, а пред присутните се обратија Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование во општина Куманово и Благе Петрушевски, претставник на здружението „Македонци Вардар- Ниш“ од Ниш. Промоцијата беше збогатена и со музичка програма. Настапија Софија Ковачевска со песната „Оро“, Мустафа Дитјон на кларинет во придружба на професорот Антонио Тимчевски на клавир и вториот детски ансамбл на КУД „Српски вез“. Тричковиќ пишува речиси целиот живот, но издава книги последните седум години. Книгите „Танц на дотраениот мост“,  „Не ми ја допирај верата”, „Прва замолив за љубов”, и „Секогаш своја” од нашата сограѓанка, писателка и поетеса Љиљана Тричковиќ, како и најновите детски изданија можат да се најдат во сите библиотеки.

Коментари

коментар(и)