(ВИДЕО) Рибарите го одбележаа празникот Богојавление-Водици

Кумановските рибари ја продолжија традицијата во чест на празникот Богојавление-Водици. Рибарите вчера заедно со своите пријатели и другари, го одбележаа празникот, воедно и Денот на рибарите во Пелинце. Тие како и претходните години се собраа да прослават со греана ракија, пивтии и дружба. На овој ден кој е многу значаен за рибарите, секоја година се крши лепче со паричка и се избира кум. Годинава, манифестацијата се одржа во отсуство на минатогодишниот кум, Бобан Стојмановски, поради оправдани причини, но рибарите се надеваат дека сите заедно ќе ја прослават јубилејната десетта по ред, наредната година.

– Бог се јави, навистина се јави. Среќен празник на сите рибари, порачаа рибарите.

Рибарот Мартин Митровски е новиот кум. Се надева дека паричката ќе му донесе здравје, среќа и успех.

-Годинава јас имам чест сега да бидам кум, нека ни е со среќа на сите,  да сме живи и здрави, изјави Мартин Митровски, кум за наредната година.

Рибарите се надеваат дека наредните години манифестацијата ќе стане уште помасовна.