ВИДЕО: Ристовски: Карванот „За нашиот дом“ утревечер на градскиот плоштад

Претседателот на општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Куманово, Дарко Ристовски на денешната прес-конференција ги повика граѓаните утревечер да бидат дел од карванот насловен „За нашиот дом“, кој ќе се одржи на градскиот плоштад, со почеток во 20 часот.  

„Овие избори, нашата кампања ја водиме под слоганот „Се бориме за нашиот дом“ затоа што Куманово е нашиот дом, нашата заедница, нашата иднина. Се бориме за чист град, со подобра инфраструктура, за нови инвестиции и нови работни места. Се бориме за младите да останат тука, да создаваат и да се гордеат на својот дом. Во изминатиов период имавте можност да се запознаете со  Програмата која ја нуди кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Мартин Костовски. Имавте можност да ги запознаете кандидатите за советници заедно со носителот на листата, Томица Илиќ. Во изминатиов период, ги посетивме скоро сите наши сограѓани, ги слушнавме сите ваши потреби, критики, но и очекувања. По скоро 8 години, време е да свртиме нов лист во нашата општина. Време е за промени, за проекти кои движат напред и кои нема да останат во писмена форма.

Почитувани, ве повикуваме секој еден од вас, утре- петок, со почеток во 20:00 часот на Градскиот плоштад, да присуствувате на Караванот „За нашиот дом“, да ја покажете својата поддршка и да испратиме порака дека Куманово има едно срце, една енергија, Куманово знае да се обедини кога е најважно. За број 5, за нашиот дом!“, истакна Дарко Ристовски, претседател на ОО СДСМ Куманово.

Видеото по 18 часот.