По четврти пат Куманово ќе биде домаќин на семинар за традиционална музика и игра под насловот „Глобалното кај локалното“
Семинарот е во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и е поддржан од страна на Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес, а ќе се одржи утре и на 09 април од 18:00 часот во фоајето и големата сала.
„Целта на овој проект е афирмација на традиционалната култура во функција на запознавање и доближување кај младата популација, афирмацијата на младите уметници кои се занимаваат со истата, како и стручни усовршувања на носителите на дејноста“, информира етнокореологот Дени Синадиновски од Центарот за култура.