ВИДЕО: Сенилна макуларна дегенерација – Систина Офталмологија Куманово

Ретинален преглед е важен за рано откривање на очни болести како макуларна дегенерација, дијабетична ретинопатија, глауком.  

Доколку вашиот вид постепено се заматува, имате болка во очите, ненајдени одблесоци, потешкотии при разликување на бои, појава на сенка во централниот дел на видот, закажете ретинолошки преглед, порачуваат офталмолозите од Систина Офталмологија, Дијагностички центар Куманово.

Сенилна макуларна дегенерација (дегенерација на точката за јасен вид) е тип на дегенерација на ретината во регија на жолтата точка, која се јавува во возраст над 50 години. Болеста е прогресивна, хронична и почнува најчесто без симптоми.