ВИДЕО: Се спроведува скринингот во училиштата

Во североистокот се спроведува скринингот на учениците. Од центарот за јавно здравје информираат дека нивни екипи ги посетуваат средните училишта во Куманово.

Учениците се бираат по случаен избор, по што се бара согласност од родител. Со скринингот е предвидено да се опфатат 1.000 ученици во овој регион.

Утринава е евидентиран и еден позитивен ученик, по што ќе се ќе се спроведе ПСР тест. По направена анкета ќе се стават во изолација блиските контакти на ученикот, информираат од ЦЈЗ Куманово.