Мнозинството советници во Советот на Општина Куманово гласаа против предлог -одлуката на ВМРО-ДПМНЕ новите 33 лаптоп компјутери да бидат отстапени на подрачните основните училишта.
Советниците на СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА и по еден советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ и од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека службените лаптоп компјутери треба да ги користат додека им трае мандатот, како што беше случај со советниците од претходниот состав.
