Советничката група на СДСМ од Куманово денеска одржа прес-конференција на која беа упатени прашања до градоначалникот Максим Димитриевски.
„Која е позадината и договорот за поддршката која одеднаш дојде од советничката група на ДУИ“, беше едно од прашањата на советничката Атина Мургашанска.
-Денеска продолжуваме со прашања до Максим Димитриевски кој е длабоко заглавен во криминал и фатен во корупциски скандал тежок 350.000 евра.
Денес ќе прашаме јавно која е позадината и договорот за поддршката која одеднаш дојде од советничката група на ДУИ? Што Максим ветил?
Прашуваме, дали е точно дека станува збор за договорено „завршување работа“ за сообраќајно решение на една зграда која се гради, а е во сопственост на еден од советниците?
Дали она што го гледаме е класична размена на услуги?
Чекаме одговор од големиот „борец за правда” Димитриевски, рече Мургашанска.
