Општина Куманово денеска организираше јавна расправа за ажурирање на постоечкиот План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од Програмската рамка на УНДП, финансиран од Кралството Шведска и кофинансиран од локалната самоуправа. Планот ( 2022- 2026) е усвоен и одобрен од Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање и Советот на Општина Куманово.
Субвенционирање на инвертер клима уреди, субвенции за чистење на оџаци, поставување на прочистувачи на воздухот во образовните институции, почнувајќи од градинките, во училиштата, се само дел од дополнителните мерките со кои Општина Куманово планира поефикасно да се справи со загадувањето на воздухот.
