Несовесен жител со секира ја кршел вратата на црквата „Свети Јован“ во село Режановце. Жителите на селото сведочат дека настанот се случил рано утринава. Тие случајот и лицето го пријавиле во полицијата.
Од полицијата потврдуваат дека екипа на СВР Куманово извршила увид на влезната врата на црквата и тие преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претседателот на месната заедница на село Режановце, Зоран Крстевски раскажува дека сторителот и претходно имал инциденти во селото. Тој апелира до надлежните да преземат мерки, за да не се случат несакани настани.
