(ВИДЕО) Со субвенционирање да се зачуваат старите занаети

Грнчарскиот, ковачкиот, филигранскиот, лимарскиот, ѕидарскиот, столарскиот се дел од 16-те стари занаети кои што се уште опстојуваат во кумановско. Но, за да се поттикнат младите да ги развиваат старите занаети, занаетчиството треба да се заштити со закон и да се субвенционира бидејќи во него е вткаена нашата историја, култура, традиција, вели Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиската комора на Македонија, а воедно и претседател на Регионалната занаетчиска комора Куманово. Тој смета дека старите занаети во кои што е вткаена нашата историја, култура, традиција заслужуваат многу поголемо внимание од државата, од комората и од општеството.