ВИДЕО: Стојковски: Сообраќајните решенија не ги донесуваат стручни сообраќајни инженери

Функционално Куманово е еден од столбовите на програмата на „Ред за Куманово“. Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово Горан Стојковски – Диро смета дека сообраќајниот метеж во градот е резултат на популистички евтини решенија.

„Наместо да имаме семафори на влезот во градот кои што ќе го успоруваат протокот на возилата, ние имаме кружни текови на влез на градот кои што го убрзуваат влегувањето на возилата, имаме за 20 секунди 200 возила во центарот на градот кон семафори кои што, волшебно, не работат повеќе од осум години и правиме хаос, затоа што решенијата не ги донесуваат стручни сообраќајни инженери. Можете да видите дека за 40 дена Куманово можело да функционира како што не функционира претходните осум години, што и да спомнеме се обидуваат да решат. Можете да го видите моментално ефектот од бекатонирање на дел од Куманово кој што дава фантастичен резултат политички. Со ова бекатонзиирање само го убрзуваме процесот на заминувањето на нашите млади луѓе кон Табановце и кон Аеродром Скопје“, истакна Стојковски.