Црвен крст Куманово традиционално го одбележува 5 Декември, Светскиот ден на волонтерството во знак на благодарност и оддавање признание на волонтерите за нивниот придонес, значење и улога во зајакнување на нашите заедници, но и за промовирање на волонтерството и поттикнување на институциите и граѓаните да ги поддржат напорите на волонтерските организации.
Црвен крст Куманово денеска додели благодарници на крводарителите и соработниците за поддршка и реализација на активностите на општинската организација.
„Оваа година се надеваме на рекорди 3.000 дарувања на крв, изјави Ива Младеновска, секретар на општинската организација на Црвен крст Куманово.
Кумановецот Љубиша Гиевски досега сто пати дарувал крв. Апелира граѓаните поактивно да се вклучат во крводарителските акции.
