Граѓаните кои што сакаат да се вакцинираат против сезонски грип треба да избегнуваат контакти со заболени лица, предупредуваат лекарите од одделението за епидемиолошки дејности. Центарот за јавно здравје Куманово се уште располага со доволен број на бесплатни вакцини, а има и од комерцијалните. Пунктовите каде што се спроведува вакцинациjaтa против грип се наоѓаат во просториите на Центарот.
Со бесплатна вакцина се имунизираат граѓани од ризични групи кои што се пријавени на закажан термин. Претходно сима општ лекарски преглед и епидемиолошка анкета во зависност од нивната здравствена состојба, информираат надлежните.
-Ние се уште располагаме со доволно количини на вакцини против грип. Оваа година најголем број имавме вакцинирани досега, на ниво на Центарот за јавно здравје 4196 вакцини се дадени, од кои 2888 на ниво само на нашиот Центар за јавно здравје. И комерцијални вакцини има потрошено околу 53 вакцини, а се однесува за оние лица кои што не ги опфаќа групата за бесплатни вакцини. Се уште може да се вакцинира, меѓутоа само со еден акцент дека лицето кое што се вакцинира, бидејќи се создава имунитет после две до три недели се создаваат антитела, треба да се внимава да не доаѓа во контакт со заболени лица односно треба да обрне внимание на помалку контакти, изјави д-р Јадранка Стаменковска, раководител на одделение за епидемиолошки дејности во ЦЈЗ Куманово
Комерцијалните вакцини годинава чинат 700 денари, а најчесто ги користат лица кои самите се пријавуваат и обично доаѓаат од сектори каде што има има интензивни контакти со луѓе.
Пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население се врши преку веб страницата vakcinacija.mk и на тој начин директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин.
Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате.
